AP
07 Февруари 2018•Ажурирај: 07 Февруари 2018
СЕУЛ (AA) - Од Министерството за соединување на Јужна Кореја објавија дека сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун ќе биде во високата делегација што ќе присуствува на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Министерството за соединување соопштија дека Северна Кореја во средата ги информираше дека Ким Јо Јонг ќе биде во делегацијата предводена од номиналниот шеф на државата Ким Јонг Нам.
Официјален Сеул претходно објави дека делегацијата на Северна Кореја ќе пристигне во петок.
Ким Јо Јонг минатата година беше назначена од својот братот на нова функција во владејачката партија на Северна Кореја. Аналитичарите тврдат дека нејзините активности се многу поважни отколку што претходно се мислеше.
Северна Кореја ќе претстави 22 спортисти на Олимпијадата, а со нив пристигнаа и уметниците и навивачите.
Зимските олимписки игри во Пјонгчанг ќе се одржат од 9 до 25 февруари оваа година.