Büşra Selvi Öğütcen
08 Март 2023•Ажурирај: 09 Март 2023
ЏАКАРТА (АА) - Според првичните податоци во регионот Натуна во Индонезија, 11 лица загинале, а на десетици луѓе им е изгубена трагата, пренесува Анадолу.
Официјални претставници на Агенцијата за управување со катастрофи соопштија дека обилните врнежи од дожд предизвикале свлечиште во селото Натуна Серасан.
Властите информираа дека свлечиштето ги прекрило куќите во селото со купишта земја.
Во акциите за пребарување и спасување, пронајдени се телата на 11 лица, соопштија официјалните лица, додавајќи дека се загрижени од можноста за зголемувањето на бројот на загинати.
Официјалните лица соопштија дека и покрај потешкотиите во комуникациските линии и лошите временски услови, десетици припадници на полицијата, војници и волонтери продолжуваат со работата за пребарување и спасување.
Портпаролот на Националната агенција за управување со катастрофи, Абдул Мухари, рече дека сè уште не дошле до некои од областите погодени од свлечиштето.
Тој информираше дека околу 50 лица се водат како исчезнати.