Mahmut Atanur
03 Декември 2018•Ажурирај: 04 Декември 2018
ЏАКАРТА (АА) - Седум лица го загубија животот, а девет се повредени во свлечиштето предизвикано од поројните дождови во индонезиската покраина Северна Суматра, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на весникот „Компас“ (Kompas), еден објект во кој биле сместени 16 студенти е затрупан под земја како резултат на слечиштето што се случи во село во подрачјето на Каро, во Северна Суматра.
Се вели дека седум студенти смртно настрадале, а 9 студенти се повредени во свлечиштето што се случи поради поројните дождови.
Во Индонезија често се случуваат поплави и свлечишта во текот на годината.