Büşra Selvi Öğütcen
30 Март 2022•Ажурирај: 31 Март 2022
АНКАРА (АА) - Светска банка (СБ) ги суспендира проектите вредни 600 милиони долари во Авганистан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Светска банка се приклучи на протестот против ограничувањето за средното образование на девојчињата од страна на привремената Влада на талибанците.
Во соопштението на Светска банка се наведува дека четири проекти од 600 милиони долари се суспендирани во Авганистан.
Беше констатирано дека проектите се однесуваат на задоволување на итните потреби во областа на образованието, здравството и земјоделството.
Министерството за образование на привремената Влада на талибанците на 23 март објави дека основните училишта се отворени за девојчињата, додека средните училишта ќе чекаат до натамошно известување.
Министерството најави дека училишната униформа ќе биде претставена откако ќе биде дизајнирана во согласност со шеријатот, авганистанската традиција и култура.
На ваквата одлука реагираа генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, Мисијата на ОН за помош во Авганистан и поранешни високи претставници на земјата.