Servet Günerigök
17 Јули 2024•Ажурирај: 18 Јули 2024
ВАШИНГТОН (АА) - Во вторникот американските полицајци убиле маж во безбедната зона околу Националната конвенција на Републиканската партија во сојузната државата Висконсин, објавија медиумите, пренесува Анадолу.
„Милвоки џурнал сентинел“ објави дека настанот се случил во близина на улиците „Норт 14“ и „Вест влиет“ во Милвоки, на помалку од два километри од безбедносниот периметар за конвенцијата.
„Њујорк пост“ повикувајќи се на очевидец, објави дека мажот држел два ножа и замавнувал кон полицијата пред полицијата да реагира.
Инцидентот следува по неколку дена од обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп што се случи за време на митингот во американската сојузна држава Пенсилванија во саботата. Трамп во понеделникот се појави на конвенцијата со повреда на десното уво.
Истиот ден Републиканската партија официјално го номинираше Трамп за кандидат за претседателските избори 2024.