Ekipa
31 Август 2016•Ажурирај: 01 Септември 2016
ГАЗИАНТЕП (АА) - Поради нерализирањето на ветената помош на САД во борбите против ДАЕШ, настана голем ризик за оклопните возила на Вооружените сили на Турција и силите на умерената опозиција, коишто беа нападнати во областа Џерабулус во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Со цел да се исчисти регионот од елементите на терористичката организација ДАЕШ, умерената опозиција продолжува да им дава поддршка на ВСТ во градот што се наоѓа на западната страна на границата со Турција.
Во текот на операцијата во селото Кулије, од страна на припадниците на ДАЕШ со ракетни истрели беа нападнати припадниците на умерената опозиција и оклопните возила на ВСТ. При нападот беа повредени тројца војници.
Новинарот на АА беше дел од операцијата во наведеното село и според добиените информации од извори на умерената опозиција, терористичкиот напад бил извршен околу 19.00 часот, кога со ракета бил нападнат еден тенк.
Во исто време, теористите извршиле повеќе напади врз припадниците на умерената опозиција. Како последица на ова, офицерите на ВСТ кои се во регионот, контактирајќи ја воената база во Инџирлик, побарале итна воздушна интервенција од коалициските сили.
Но, САД не интервенираа во предвиденото време, во согласност со планот што претходно беше направен меѓу Турција и САД. Американските официјални лица во Инџирлик не испратија никаква воздушна помош и почнаа да се оправдуваат на секаков начин.
Како последица на ова однесување на САД, Вооружените сили на Турција беа приморани да ги употребат своите воени авиони. По успешната операција од страна на воените авиони на Турција, се смирија и останатите копнени елементи.
„Колициските сили под американска команда, пак, почнаа да бомбардираат 3 часа откако турските воени авиони завршија со тоа. Поради тоа што целите беа уништени од страна на ВСТ, тие бомбардираа на празно и потоа се вратија“.
Изворот на умерената опозиција како очевидец истакна: „За време на операцијата требаше да пристигне ветената помош од Американците. Но тие не дојдоа. Во борбите имаше и повредени. Ќе загубевме многу луѓе. Американската помош беше дел од планот. Тие беа должни да го направат ова. Нѐ оставија сред пат. Поради нив доцнеше интервенцијата. Во последен момент дојдоа турските воени авиони“.