Dildar Baykan
23 Мај 2020•Ажурирај: 24 Мај 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Американското Министерство за трговија воведе санкции за девет кинески установи и компании поради кршење на човековите права на Ујгурите во автономниот регион Ксинџијанг, пренесува Агенција Анадолија (AA).
„На списокот за санкции се наоѓа Научниот институт за форензички науки при Министерството за безбедност на Кина и осум кинески компании. Во рамките на санкциите, овие девет установи ќе бидат изложени на нови ограничувања за пристап кон американската технологија“, се наведува во соопштението.
Нагласено е дека овие компании ќе се соочат со строги правила при купување на американски производи.
„Овие девет установи учествуваа во криминални активности како што се кршењето на човековите права, злоупотреби, кампањи на угнетување и произволни апсења на кинеските Ујгури и други муслимански малцинства во автономниот регион Ксинџијанг“, се додава во соопштението.
Американското Министерство за трговија воведе санкции и за 24 други установи и организации со седиште во Кина, „поради учество во активности кои не се во согласност со интересите на националната безбедност или надворешната политика на САД“.