Zehra Ulucak
30 Јули 2018•Ажурирај: 31 Јули 2018
ВАШИНГТОН/РЕДИНГ (АА) - Во пожарите во сојузната американска држава Калифорнија, кои сè уште не се ставени под контрола, настрадаа најмалку шест лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Шерифот на округот Шаста, Том Босенко, изјави дека пожарите што избиле минатата недела сè уште не се ставени под контрола, а се трага по најмалку седум лица.
Евакуирани се околу 50.000 лица, 657 куќи изгореа, а на 145 е причинета штета.
Официјалните претставници привеле две лица осомничени за ограбување на напуштените куќи.
Лин Tомлахоф, портпаролката на Управата за шуми и заштита од пожари, изјави дека во акцијата за гаснење на пожарите во 17 подрачја учествуваат 12.000 пожарникари.
Американскиот претседател Доналд Трамп во споменатото подрачје прогласи вонредна состојба.