Ekip
01 Јуни 2018•Ажурирај: 02 Јуни 2018
ЊУЈОРК (AA) - Соединетите Американски Држави (САД) вложија вето на нацрт резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) сокоја се повикува на заштита на Палестинците, јавува Anadolu Agency (AA).
САД во петок спречија усвојување на нацрт резолуцијата кој го предложи Кувајт, а за кој речиси две седмици траеле жестоки расправи.
Нацртот на резолуцијата го поддршжаа 10 земји, додека воздржани останаа Велика Британија, Полска, Холандија и Етиопија.
Во првобитниот нацрт се бараше меѓународна заштита за палестинскиот народ, додека во неговата конечна верзија е апелирано на разгледување на мерките со цел воспоставување на меѓународна заштита за палестинските цивили.
Американската амбасадорка при ОН, Ники Хејли, пред самото гласање рече дека станува збор за едностран нацрт на резолуција бидејќи во него, како што рече таа, со ниту еден збор не се спомнува Хамас.
Истакна дека, прес се, Хамас е одговорен за насилството во Газа, додавајќи дека е потребно да се осуди ова палестинско движење.
Нагласи и дека сите земји кои сакаат мир и стабилност треба да го отфрлат овој нацрт на резолуцијата.
Од друга страна, САД на СБОН му предложи нацрт на резолуција со кој се предвидува осуда на Хамас.