Elena Teslova
29 Јуни 2026•Ажурирано: 29 Јуни 2026
Рускиот министер за одбрана, Андреј Белоусов, денес дека изјави дека Русија планира до ноември да интегрира систем за донесување одлуки со помош на вештачката интелигенција во рамките на противвоздушната одбрана, како дел од напорите за подобрување на заштитата од напади со беспилотни летала, јавува Анадолу.
Говорејќи на состанокот со воените дописници во Москва, Белоусов изјави дека иницијативата за вештачка интелигенција е еден од седумте одбранбени проекти предвидени за завршување до крајот на годината, а се развива во соработка со цивилните компании.
„Ние веќе активно работиме на ова во рамките на противвоздушната одбрана. Ова е еден од седумте проекти што мора да ги реализираме до крајот на оваа година“, изјави тој. „Крајниот резултат треба да биде испорачан до ноември“.
Белоусов изјави дека Русија уште од април гради обединет информациски систем со цел да се подобри увидот во состојбата со нападите од беспилотни летала, додавајќи дека софтверот се имплементира почнувајќи од тактичко ниво нагоре, за да им се овозможи на командантите да ги откриваат целите, да го следат бојното поле и да управуваат со борбените операции.
Тој исто така изјави дека Русија има воспоставено повеќестепен систем за одбрана од беспилотни летала во сите воени формации кои учествуваат во борбените дејствија во Украина, и активно распоредува мобилни единици за нивно пресретнување и неутрализирање.
„Природата на заканите од беспилотни летала со кои се соочуваат и руските региони и силите во Украина се менува на секои два до три месеци“, изјави Белоусов, нагласувајќи дека тоа бара постојано приспособување на одбранбените мерки.