Hasan Tosun
19 Октомври 2016•Ажурирај: 19 Октомври 2016
ПРАГА (АА) - Во главниот град на Република Чешка, Прага, приведен е руски државјанин за кој се претпоставува дека извршил хакерски напад врз американските институции, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението чешката полиција во соработка со Американското федерално истражно биро (ФБИ) привела еден руски државјанин во хотелот во кој престојувал, поради сомнение дека бил дел од групата хакери која извршила кибернетски напад врз институциите на САД.
Во соопштението се вели дека за анонимниот осомничен руски државјанин имало распишана меѓународна потерница.
Исто така, се наведува дека поради здравствени проблеми, осомничениот бил однесен во болница, потоа изведен пред суд и ќе биде вратен во САД.
САД ја обвинија Русија дека преку хакерите ги краде личните информации на кандидатите за претседатели Хилари Клинтон и Доналд Трамп, додека овие обвинувања Русија ги негираше.