Burç Eruygur
12 Мај 2024•Ажурирај: 15 Мај 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Русија денес соопшти дека ја презела контролата врз четири населени места во североисточната украинска Харковска Област, каде што неколку дена се одвиваат тешки борби, пренесува Анадолу.
Во соопштението на Министерството за одбрана се тврди дека руските сили ги зазеле населените места Хатишче, Красне, Мороховец и Олиникове.
Украинските власти не ги коментираа овие тврдења.
Командантот на украинските копнени сили, Олександр Сирскиј, претходно денес соопшти дека ситуацијата на фронтот „значително се влошила“ во текот на изминатата недела.