Hassan Isilow
06 Јули 2023•Ажурирај: 08 Јули 2023
ЈОХАНЕСБУРГ (АА) - Најмалку 16 лица ги загубија животите поради протекување на гас од плинска боца во предградие недалеку од Јоханесбург, Јужноафриканска Република, соопшти официјално лице од службата за Итна помош, пренесува Анадолу.
Портпаролот на Итната помош, Вилијам Нтлади, на новинарите им соопшти дека постои сомнение дека боци со гас нитрат оксид, кој е пронајден во населбата Анџело во Боксбург, нелегалните рудари го користеле при копање злато.
Нтлади додаде дека истрагата за несреќата е во тек.
Тој истакна дека бројот на мртви може да се зголеми бидејќи протекувањето на гасот се случило во нелегално станбено подрачје со голем број колиби (лимени куќарки) што се наоѓаат една покрај друга.