Ekip
04 Март 2020•Ажурирај: 04 Март 2020
КИЕВ (AA) - Најмалку еден украински војник е убиен во нападите на руските сили на истокот на Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Украинскиот центар на вооружените сили за заеднички операции синоќа е соопштено дека припадниците на руските сили во регионот Донбас го прекршиле примирјето постигнато во Минск.
Нагласено е дека руските војници во седум наврати го прекршиле примирјето.
„Во непријателскиот напад загина еден украински војник, четворица се ранети“, се наведува во соопштението.
Во регионот Донбас, на истокот на Украина, од 2014 година траат судирите на проруските сепаратисти и Војската на Украина.