Ayşe Sarıoğlu
07 Ноември 2016•Ажурирај: 08 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - На претседателските избори во САД од 230 милиони регистрирани гласачи, граѓанската должност ќе ја извршат најверојатно 150 милиони Американци, јавува Anadolu Agency (AA).
Американците утре, на 8 ноември, ќе го бираат 45. претседател. Еден од четворицата кандидати ќе се пресели во Белата куќа. Демократите ги претставува поранешниот државен секретар , Хилари Клинтон, додека републиканците, бизнисменот Доналд Трамп, либералите, Гери Џонсон и Зелената Партија, Џил Штајн.
Ширум САД ќе бидат распишани и референдуми, а ќе се бираат и гувернери на одредени сојузни држави.
На предвременото гласање спроведено во неколку сојузни држави досега гласаа околу 40 милиони Американци.
Победата во одредена држава се одредува според тоа како ќе гласаат членовите на изборниот колегиум, телото кое всушност го бира претседателот на САД, а кое се состои од 538 членки. За кандидатот или кандидатката да станат претседател на САД мора да ја имаат поддршката од апсолутното мнозинство, односно од најмалку 270 електори.
Покрај тоа, ќе биде избран и составот на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, кој има 435 пратенички места.
Ќе се бира и третина од составот на Сенатот, односно 34 сенатори.
На кампањите на сите кандидати кои учествуваа во предизборната трка потрошени се околу 2,5 милијарди долари.
Клинтон на кампањата потроши 610 милиони долари, додека Трамп потроши 285 милиони. Таа на телевизиските рекламите и на рекламите на социјалните мрежи потроши 157 милиони долари, а Трамп 44 милиони.
Покрај тоа, во предизборната кампања на Клинтон учествуваа 4.200 лица, а во кампањата на Трамп 880 лица.
Исто така Клинтон за време на кампањата донираше 687 милиони долари, а донациите на Трамп се проценети на околу 307 милиони долари.