ВАШИНГТОН (АА) - Според неофицијалните резултати од 59. претседателски избори во Соединетите Американски Држави (САД), републиканскиот кандидат Доналд Трамп досега освои 213, додека демократскиот кандитат Џо Бајден досега освои 238 електорски гласа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На изборите во САД, кандидатот кој ќе освои 270 од вкупните 538 електори, е победник на претседателските избори.
Според неофицијалните резултати објавени од страна на „Асошиејтед Прес" (Associated Press - AP), Трамп во Јужна Калифорнија досега освои 9, во Оклахома 7, во Алабама 9, во Мисисипи 6, во Западна Вирџинија 5, во Кентаки 8, во Тенеси и Индијана по 11, во Северна Дакота, Јужна Дакота и Вајоминг по 3, во Небраска 4, во Луизијана 8, во Арканзас 6, во Канзас 6, во Мисури 10, во Јута 6, во Тексас 38, во Ајова 6, во Ајдахо 4, во Флорида 29, во Монтана 3 и во Охајо 18 електорски гласови.
Од друга страна, демократскиот кандидат Бајден во Вашингтон Д.Ц. досега освои 3, во Вермонт 3, во Илиноис 20, во Вирџинија 13, во Њу Џерси 14, во Делавер 3, во Масачусетс 11, во Мериленд 10, во Њујорк 29, во Колорадо 9, во Конетикат 7, во Вашингтон 12, во Њу Хемпшир и Роуд Ајленд по 4, во Њу Мексико 5, во Орегон 7, во Калифорнија 55, во Аризона 11, во Мејн 3, во Хаваи 4, во Минесота 10 и во Небраска 1 електорски глас.
Според тоа, Трамп досега има освоено 213, а неговиот противник Бајден 238 делегати.