Ekip
08 Мај 2022•Ажурирај: 09 Мај 2022
АЛЖИР (АА) - Претседателот на Алжир, Абделмаџид Тебун, порача дека никогаш не можат да се заборават „гнасните масакри“ сторени во текот на француската колонијална ера во Алжир, известува Агенција Анадолија (АА).
Тебун во пораката по повод 77-годишнината од масакрот на 8 мај 1945 година, што француската колонијална војска го стори над алжирските демонстранти, истакна дека тоа крвопролевање било пресвртница во историјата на Алжир.
Француската војска го стори тој стравичен масакр во еден ден, а според официјалните податоци на Алжир, се проценува дека околу 45.000 Алжирци се убиени поради барањето за независност на земјата.
Алжир е најкрвавиот пример на француската колонијална историја на африканскиот континент.
Околу 1,5 милиони Алжирци се убиени, а милиони се раселени во осумгодишната борба за независност што започна во 1954 година.
Алжир со години бараше од Франција да признае и да плати отштета за злосторствата сторени над алжирскиот народ во текот на францускиот колонијален период од 1830 до 1962 година.
Властите на Франција никогаш официјално не му се извинија на Алжир како држава за својата колонијална политика.