Qays Abu Samra,Hacer Başer
05 Април 2016•Ажурирај: 06 Април 2016
РАМАЛАХ (АА) - Од октомври до сега израелските власти притвориле 1899 палестински деца, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писмениот извештај нa Комисијата за прашањата на затворениците, која е дел од Палестинската ослободителна организација (ПОО), се наведува дека од октомври до денеска се притворени 1899 палестински деца, што е најголем број на притворени малолетници досега.
Од вкупно притворените, околу 37 проценти се на возраст од 12 до 18 години. Од нив 450 деца се сѐ уште во притвор.
Во изјавата стои дека најмалото притворено девојче, Дима ел-Вави, има 12 години и во притвор се наоѓа од месец февруари. Во притвор децата се изложени на физичка и психичка тортура, на дел од нив им се одредени големи парични казни, а за дел е изречена казна куќен притвор.
Според податоците на Институтот за Статистика на Палестина од 2015 година, бројот на малолетно население во Палестина изнесува 2.165.288 малолетници, од кои 1.105.663 се момчиња а 1.059.625 девојчиња.