Mustafa M. M. Haboush
02 Јуни 2026•Ажурирано: 02 Јуни 2026
Израелскиот Парламент (Кнесет) доцна синоќа во прво читање го одобри предлог-законот за самораспуштање, пренесува Анадолу.
Дури 106 од вкупно 120 пратеници гласаа „за“ предлог-законот, без ниту еден глас против, објави израелскиот „Канал 12“.
Предлог-законот предвидува изборите да се одржат во периодот меѓу 8 септември и 20 октомври, објави израелскиот информативен веб-сајт Вала.
Ултраортодоксната партија Шас инсистира изборите да се одржат на 15 септември, додека партијата Ликуд на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху сака да го одложи датумот до крајот на мандатот.
Парламентарните избори во Израел првично беа закажани за 27 октомври, но неуспехот на Владата да донесе закон со кој ултраортодоксните Евреи се изземаат од воена служба го зголеми притисокот за предвремено гласање.
Според израелскиот закон, предлог-законот мора да помине три читања за да стане закон.
Вала објави дека по одобрувањето во прво читање, предлог-законот ќе биде вратен во комисијата на Кнесетот, како подготовка за негово ставање на гласање во второ и трето читање и за одредување на датумот за избори.