Adem Şalvarcıoğlu
02 Ноември 2018•Ажурирај: 04 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Почина Марио Сегал, човекот според кого му беше дадено името на ликот од легендарната компјутерска игра „Супер Марио“, јавува Anadolu Agency (AA).
Сегал, Американец со италијанско потекло, почина на 27 октомври во 84 година од животот.
Меѓународната компанија за електроника и компјутерски игри „Нинтендо“ (Nintendo), во 1981 година преку Марио Сегал изнајми една фабрика.
Шигеру Мијамото, творецот на „Супер Марио“, на главниот карактер во играта му го имаше доделено името „Jumpman“, додека принцезата беше именувана како „Lady“, меѓутоа „Нинтендо“ ја одбило, бидејќи не им се допаднало името.
Мијамото потоа добил инспирација од името на Сегал, по што стапува во контакт со него и името на главниот карактер во играта го менува во Марио, измена којашто им се допаднала на одговорните во компанијата.
Марио Сегал беше татко на 4 деца и имаше 9 внучиња.
Компјутерската игра „Супер Марио“ беше продадена во 12 милиони примероци и стана една од најпродаваните игри на компанијата.