свет

Почина американскиот писател Филип Рот

Рот спаѓа меѓу најзначајните имиња во американската книжевност и зад себе остави 25 литературни дела

Emel Öz Gözellik  | 23.05.2018 - Обновена : 24.05.2018
Почина американскиот писател Филип Рот

New York

ЊУЈОРК (АА) - Познатиот американски писател и добитник на Пулицеровата награда, Филип Рот, почина во 85. година од животот, пренесува Anadolu Agency (AA).

Информацијата за смртта на Рот ја потврди неговиот менаџер Ендрју Вејли. Според менаџерот, Рот починал во болница во Њујорк од срцева слабост.

Рот спаѓа меѓу најзначајните имиња во американската книжевност и зад себе остави 25 литературни дела.

Најпознат е како автор на збирката „Збогум Колумбо“ од 1959 година, романот „Портнојева болест“ од 1969 година, а Пулицеровата награда ја доби за романот „Американска пасторала“ .

Рот предаваше англиски јазик до 1992 година, а се испроба и во разни видови книжевен израз.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın