Ali Cura
29 Јули 2019•Ажурирај: 30 Јули 2019
МОСКВА
Докторката Анастасија Васиљева истакна дека рускиот опозициски активист, Алексеј Навалниј, е можно да биде отруен во затворот каде што се наоѓа еден период, пренесува Anadolu Agency (AA).
Васиљева во нејзината изјава пренесена преку социјалните медиуми истакна дека е сигурна во тоа дека Навалниј претходно немал никакви алергии и дека во затворот ја јадел истата храна како и другите затвореници.
Забележувајќи дека не ѝ било дозволено да го испита Навалниј во болница, Васиљева рече дека Навалниј дозволил да ја соопшти неговата состојба.
„Не можеме да ја игнорираме можноста од труење со нејасни хемикалии со помош на трети страни“, рече Васиљева.
Болничкиот доктор Елдар Кзахмедов истакна дека по испитувањата кај Навалниј била дијагностицирана состојбата „општа алергична реакција“.
- Тој беше хоспитализиран за време на викендот
Рускиот опозиционер Навалниј поради отекување на лицето и црвенило на кожата како резултат на „тешка алергиска реакција“ беше хоспитализиран за време на викендот.
Навалниј беше осуден на 30 дена затвор поради повторно кршење на правилата за демонстрации и од 24 јули се наоѓаше во затвор.
Во Русија, на демонстрациите за време на викендот поради откажувањето на регистрацијата на независните кандидати на изборите во Градскиот совет во Москва, според Министерството за внатрешни работи, речиси 300 лица беа приведени. Од друга страна, според податоците на опозицијата, по насилната интервенција од страна на полицијата приведени се 1.500 демонстранти.