Ahmet Gürhan Kartal
29 Јули 2020•Ажурирај: 31 Јули 2020
ЛОНДОН (АА) - Поранешен британски амбасадор во Турција денес е назначен за нов челник на владината тајна разузнавачка служба на Велика Британија, МИ6, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ричард Мур, политички директор во британкото Министерство за надворешни работи, ќе ја преземе својата нова функција наесен.
Тој служеше на функцијата амбасадор на Велика Британија во Анкара во периодот од јануари 2014 до декември 2017 година.
Мур ќе го наследи Сер Алекс Јангер, кој беше шеф на разузнавачката агенција во последните шест години.
Роден во Либија, Мур беше директор за Европа, Латинска Америка и глобализацијата од 2010 до 2012 година и директор за програми и промени од 2008 до 2010 година.
Тој бил распореден во Виетнам, Турција (1990-1992), Пакистан и Малезија.
МИ6 е тајна служба на Велика Британија која се занимава со детектирање надворешни закани по Велика Британија и собира разузнавачки информации надвор од земјата.