Zehra Ulucak
11 Декември 2017•Ажурирај: 12 Декември 2017
ЛОС АНЏЕЛЕС (АА) - Пожарот што минатата недела ги зафати шумските предели на јужниот дел од американската сојузна држава Калифорнија се прошири на површина од 930 квадратни километри, а носен е од силните ветрови, така што и понатаму се шири, пренесува Anadolu Agency (AA).
Противпожарните единици и понатаму се на теренот и деноноќно се обидуваат да го стават под контрола пожарот што изби на шест различни локации.
Весникот „Los Angeles Times“ (Лос Анџелес тајмс) јавува дека станува збор за петти најголем шумски пожар во модерната историја на Калифорнија.
Моментално, најтешкае ситуацијата во Санта Барбара, град во кој пожарот зафати околу 2.000 квадратни километри и во кој е наредена евакуација на најмалку 5.000 граѓани.
Речиси 85.000 лица немаат струја, а училиштата во Санта Барбара се затворени веќе неколку дена.
Поради безбедносни причини, затворена е и големата зоолошка градина во Санта Барбара.
Гувернерот на Калифорнија, Џери Браун, ја предупреди јавноста дека пожарите во тој дел на САД се последица на сушата и на глобалното затоплување и оти би можеле да станат нова реалност во поширокиот регион.
Пожарот се протега во широкиот појас од Вентура на северниот дел од Лос Анџелес, до Сан Диего на југ. Стотици објекти изгореа, а десетици илјади лица се евакуирани од загрозените подрачја.