Bahattin Gönültaş
16 Април 2019•Ажурирај: 17 Април 2019
БЕРЛИН (АА) – Само 47,5 отсто од граѓаните во Германија живеат во свој дом, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според објавените податоци на Сојузниот завод за статистика на Германија (Дестатис), минатата година стапката на граѓани на Германија кои имаат сопствен дом изнесувала 47,5 отсто. Таа стапка во 2008 година била забележана како 48 проценти.
Во Германија привлече внимание тоа што и покрај намалувањето на кредитните стапки, не е зголемена стапката на сопственост. Повеќето од половината граѓани на Германија продолжија да живеат во изнајмени домови. Причините поради кои граѓаните не купуваат станови во Германија се просечните цени на становите кои се 30 пати повисоки од годишната цена за изнајмување, поголемата побарувачка од понудата поради имигрантите, условите за вработување кои се променливи и високите давачки што ги наплатуваат посредниците.
Според податоците на Европскиот завод за статистика (Евростат), во Германија, која има најголема економија во Европската унија (ЕУ), стапката на сопственост е најмала во однос на другите земји од ЕУ.
Од земјите членки на ЕУ, највисока стапка на сопственост има во Романија, која е една од најсиромашните земји во Унијата. Од граѓаните во Романија, 96,8 проценти живеат во сопствен дом.
Во Франција стапката на граѓани кои имаат сопствен дом изнесува 64 проценти, а во Норвешка 81 процент.