Ekipa
17 Јуни 2019•Ажурирај: 17 Јуни 2019
КАИРО (АА) - Министерството за внатрешни работи на Египет прогласи алармантна состојба во земјата по смртта на Мухамед Морси, првиот претседател на оваа земја избран на демократски начин, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според вестите на египетските медиуми, Министерството за внатрешни работи започнало со позиционирање на илјадници статични и мобилни безбедносни патроли низ земјата.
Министерството ги откажало слободните денови на безбедносите службеници, и ги зголеми безбедносните мерки во јавните и приватните институции, како и во црквите и хотелите.
Исто така, египетското Министерство за внатрешни работи го активизираше и планот „Ц“ кој вклучува преземање стриктни безбедносни мерки на патиштата, зголемување на бројот на безбедносните службеници на плоштадите, како и реализирање превентивни операции против одредени терористички елементи.
Египетската државна телевизија соопшти дека Морси се онесвестил и починал во судницата.
На денешното рочиште, првиот избран претседател на оваа држава ќе беше обвинет за „шпионажа“.