Safiye Karabacak
07 Ноември 2016•Ажурирај: 07 Ноември 2016
КАИРО (АА) - При нелегален обид за влез во Египет, приведени се 674 лица од различни земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Потпаролот на војската, Мухамед Семир, во писмена изјава истакна дека на западната граница од земјата се приведени 665 мигранти од различни земји и дека се конфискувани 23 возила користени при нелегалниот обид за влез во земјата.
„На јужната граница на земјата се приведени 9 мигранти од Судан и конфискувани се 4 возила“, рече Семир и додаде дека досиејата на приведените лица се испратени во надлежното обвинителство.
Во соопштението не е дадена никаква информација во врска со целната дестинација на наведените лица.
Египетската војска соопштила дека во септември биле фатени 281 лице од различни земји, кои се обиделе на нелегален начин да влезат во Египет.