Emre Aytekin
14 Април 2019•Ажурирај: 15 Април 2019
ХЕЛСИНКИ (АА) - Денес во Финска се одржуваат парламентарни избори на кои се избира новиот состав на Едускунта, претставничкиот дом на Парламентот на таа северноевропска земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Во изборната трка за 200 пратенички места во Едускунта се натпреваруваат 19 политички партии.
Според предизборните анкети, фаворити на денешните избори е Социјалдемократската партија на Финска, која би можела да освои 19 отсто од гласовите во земјата. На второ место е конзервативната и популистичка Партија на Финците, која има поддршка на 16 отсто од гласачите.
Главни теми на изминатите предизборни кампањи беа реформите на државната социјална програма и потребните мерки во борбата против климатските промени.
Финска е земја со популација од 5,5 милиони луѓе. Третина од нејзината популација го населува арктичкиот круг кој претрпува најголеми штети поради климатските промени и глобалното затоплување.