Rabia İclal Turan
18 Јуни 2026•Ажурирано: 18 Јуни 2026
Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф рано утринава објави дека Меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран за прекин на војната е електронски потпишан, додавајќи дека официјалната церемонија на потпишување ќе се одржи во Швајцарија в петок, пренесува Анадолу.
„Меморандумот за разбирање од Исламабад стапува на сила веднаш и како прв чекор, Исламската Република Иран моментално ќе го отвори Ормускиот Теснец, а Соединетите Американски Држави веднаш ќе ја укинат поморската блокада“, соопшти Шариф во објава на американската компанија за социјални медиуми Х.
„Пакистан, со поддршка на Катар како копосредник, ќе биде домаќин на официјалната церемонија закажана за 19 јуни 2026 година во Швајцарија, со цел да се одбележи овој историски настан и да започнат преговорите на техничко ниво“, додаде тој.
Тој му се заблагодари на Катар за поддршката како кoпосредник и ги пофали Саудиска Арабија, Турција и Египет за „нивната незаменлива улога и непроценлив придонес во овој поглед“.
„Нека овој меморандум за разбирање служи како траен темел за поголемо разбирање, заемна почит и заеднички просперитет за целиот регион“, додаде премиерот.