Zehra Ulucak
14 Мај 2019•Ажурирај: 15 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Американски подморски истражувач пронајде пластичен отпад на дното на Маријанскиот Ров, кој се смета за најдлабокото океанско дно на светот.
Според веста на „Би-би-си“ (BBC), нуркачот Виктор Весково се спуштил на рекордна длабочина од околу 11 километри, во Маријанскиот Ров во Тихиот Океан.
Весково со својата подморница произведена да издржи крајни високи притисоци, се спуштил на длабочина од 10.927 километри и таму останал четири часа. Во текот на истражувањето, покрај морски суштества и обоени карпести структури, открил и пластичен отпад.
По рекордното нуркање на Весково, и другите четири члена на тимот последователно се спуштиле на дното на океанот.
За истражување во длабочината на морето користен е и роботизиран уред.
Истражувачката екипа мисли дека на три различни локации на морето откриле четири нови видови животни слични на морски ракови кои ги нарекле „амфипот“. Исто така, екипата истакнува дека на 7.000 метри длабочина откриле животно наречено лажичести црви, а на длабочина од 8.000 метри виделе розов морски полжав.
Од друга страна, за време на вкупно пет нуркања, тимот ги открил светлообоените карпести формации, најверојатно формирани од микроорганизми на морското дно. Екипата зела примероци од обоените карпести формации.
Научниците планираат да ги испитаат живите организми собрани од нуркачите за да видат дали содржат микропластика.
Една неодамнешна студија открива дека ова е чест проблем кај животните што живеат длабоко во морето.
- Маријански Ров -
Маријанскиот Ров се наоѓа западно од Тихиот Океан. Длабочината на јамата изнесува помеѓу 10.911 километри и 11.030 километри. Ширината на подморскиот кањон, чија должина изнесува 2.550 километри, се проценува дека изнесува 69 километри.
Потполковникот Доналд Волш од американската морнарица и швајцарскиот научник Жак Пикар, на 23 јануари 1960 година се спуштиле во Маријанскиот Ров како први луѓе во историјата.
Познатиот американски филмски режисер Џејмс Камерон на 26 март 2012 година со морнарицата „Deepsea Challenger“ за едно лице, се спуштил на 10.908 метри длабочина во Маријанскиот Ров, и со тоа стана прв човек кој се спуштил во ровот по 50 години.
Истражувањата на Маријанскиот Ров започнале во 2010 година. Истражувачите испратиле подморница робот во ровот за да го истражат начинот на живеење на суштествата.
Научниците во првите месеци на 2013 година откриле дека на Маријанскиот Ров, кој се смета за најдлабоката точка на светот, постои микробиолошки живот.
Претходно на Маријанскиот Ров, каде што студот е голем и се наоѓа во целосна темнина, а притисокот е околу илјадапати поголем од надморскиот притисок, се мислело дека нема услови за живот.