свет

Османи на состанок со шефовите на дипломатиите на ЕУ во Брисел

- Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, денеска ќе учествува на состанокот на Советот за надворешни работи на Европската унија (ЕУ) во Брисел, главниот град на Белгија

Furkan Abdula  | 16.05.2022 - Обновена : 17.05.2022
Османи на состанок со шефовите на дипломатиите на ЕУ во Брисел

СКОПЈЕ (АА) - Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, денеска ќе учествува на состанокот на Советот за надворешни работи на Европската унија (ЕУ) во Брисел, главниот град на Белгија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на Министерството за надворешни работи на Северна Македонија, на овој состанок се поканети и министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан.

Во соопштението се наведува дека стратешката дискусија за интеграцијата на државите од Западен Балкан и руската агресија врз Украина се двете централни теми за кои ќе се дискутира на состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ.

„Советот најпрво ќе одржи стратешка дискусија за Западен Балкан, особено околу ангажманот на ЕУ за ублажување на влијанието на руската агресија врз Украина, а последователно министрите за надворешни работи на државите од ЕУ ќе имаат дискусија со министрите за надворешни работи на државите од Западен Балкан“, се нагласува во ова соопштение.

Според соопштението на МНР на Северна Македонија, на маргини на Советот, Османи ќе оствари средби со генералната секретарка на Европската комисија, Илзе Јухансоне, како и со други високи претставници во Европскиот совет и Комисијата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.