Betül Yürük
10 Септември 2022•Ажурирај: 13 Септември 2022
ЊУЈОРК (АА) - Раководството на Обединетите нации (ОН) ја повика Северна Кореја да го продолжи дијалогот со клучните страни со цел постигнување одржлив мир и потполна и проверлива денуклеаризација на Корејскиот Полуостров, известува Агенција Анадолија (АА).
Повикот следуваше откако Северна Кореја го усвои законот за користење превентивни нуклеарни удари, прогласувајќи ја Северна Кореја за нуклеарна сила.
„Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, длабоко е загрижен поради усвојувањето на новиот закон во Северна Кореја. Следејќи ја својата програма за нуклеарен развој, вклучувајќи и развој на проекти кои користат технологија на балистички проектили, Пјонгјанг продолжува да ја занемарува резолуцијата на Советот за безбедност за прекин на таквите активности“, изјави портпаролот на ОН Стефан Дујариќ.
Усвојувањето на законот за нуклеарна сила во Северна Кореја следуваше откако САД, Јужна Кореја и Јапонија минатата недела објавија заедничко предупредување дека доколку се изврши уште една нуклеарна проба, ќе одговорат колективно.
„Најголемо значење на законските рамки на политиката на нуклеарниот развој е да се повлече неповратна линија со цел да нема ценкање околу нашето нуклеарно оружје“, порача Ким Јонг Ун, лидерот на Северна Кореја, во изјавата што ја пренесоа тамошните национални медиуми.