Saadet Firdevs Aparı
16 Јули 2022•Ажурирај: 17 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Светската програма за храна (WFP) објави дека во Шри Ланка, која се соочува со најголемата економска криза во својата историја, повеќе од 6 милиони луѓе се изложени на несигурност во храната, известува Агенција Анадолија (АА).
ВФП, специјализирана агенција на Обединетите нации задолжена за давање помош во храна, наведе дека повеќе од 28 отсто (6,3 милиони) жители на Шри Ланка се соочуваат со прехранбена несигурност во храната и дека ситуацијата ќе се влошува доколку кризата продолжи.
Во извештајот на ВФП се наведува дека најмалку 65.600 лица се соочуваат со сериозен недостаток на храна, а 5,3 милиони луѓе се принудени да го намалат бројот на оброци.
Од ВФП порачуваат дека итно се потребни 63 милиони долари за помош на луѓето во Шри Ланка.
Шри Ланка се соочува со масовни протести во екот на влошувањето на економската криза, една од најголемите во нејзината историја.