свет

ОН: На секои 11 минути една жена е убиена од член на нејзиното семејство

- Според извештајот објавен од УНОДК, 47.000 жени или девојки низ светот се убиени од нивните сопружници или роднини во 2020 година

Aşkın Kıyağan  | 25.11.2021 - Обновена : 26.11.2021
ОН: На секои 11 минути една жена е убиена од член на нејзиното семејство Фото: Архива / АА

ВИЕНА 

Гада Фати Вали, шеф на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC), истакна дека на секои 11 минути, една жена или девојка е убиена од член на нејзиното семејство, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Вали, во писмената изјава по повод Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, привлече внимание на намалувањето на правата на жените поради зголеменото семејно насилство и епидемијата на Ковид-19.

Според извештајот објавен од УНОДК, 47.000 жени или девојки низ светот се убиени од нивните сопружници или роднини во 2020 година.


- Жените се најголеми жртви на семејно насилство

Нагласувајќи дека една петтина од сите насилства врз жените во светот се предизвикани од семејно насилство, Вали посочи дека 58 отсто од жртвите на семејно насилство се жени и девојчиња.

Наведувајќи дека правата на жените се ставени во втор план поради епидемијата на Ковид-19, Вали додаде дека во овој период, особено жените кои се изложени на насилство, имаат сериозни потешкотии да ги бараат своите права или да ја добијат потребната поддршка.

Таа упати повик до земјите членки да соработуваат во спроведувањето на ефективни заштитни мерки за спречување на насилството, информирајќи дека „на секои 11 минути, жена или девојка е убиена од член на нејзиното семејство“.

Истакнувајќи дека треба да се преземе итна акција за да се спречи родово-базираното насилство и да се заштитат животите и правата на жените и девојките, Вали ја подвлече потребата од конкретни и итни мерки за заштита на жените и девојчињата во ризични ситуации, како и од долгорочни стратегии за спречување на убиства врз основа на полот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.