Oğuz Pakin
01 Ноември 2017•Ажурирај: 02 Ноември 2017
ХАТАЈ (АА) - Обединетите нации (ОН) испратија 17 камиони хуманитарна помош за жителите на сирискиот град Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).
Хуманитарниот конвој од 17 камиони го премина граничниот премин Чилвеѓозу, на подрачјето Рејханли во Хатај. Конвојот е придружуван од припадниците на жандармеријата и од службеници на ОН.
Камионите носат помош којашто им е потребна на жителите од Идлиб и од околните села. Идлиб се наоѓа на околу пет километри од пограничното подрачје Рејханли во турската област Хатај.
Граѓанската војна во Сирија започна во март 2011 година, кога силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад се обидоа да ги задушат масовните продемократски протести во земјата. Војната во којашто се судрија режимските сили од една страна и опозициските сили од друга, траеше кратко. Сирискиот огранок на терористичката организација ПКК ја искористи воената состојба за да ја преземе контролата над североисточниот дел од земјата. Ограноците на Ал-Каеда се бореа против сите за да го оживеат тоа терористичко движење во замирање, а во 2014 година, како нов субјект во војната се јавува терористичката организација ДЕАШ.
Од почетокот на војната траат и борбите меѓу опозицските групи, чијашто единствена заедничка одлика е што се борат против режимот, а меѓусебно се разликуваат по сите параметри. Новите судири меѓу опозициските групи дополнително ја усложнуваат сликата на состојбата на теренот, но и ги отежнуваат процесите за воспоставување мир во земјата.