Murat Temizer
02 Август 2023•Ажурирај: 03 Август 2023
ВАРШАВА (АА) – Пограничната служба на Полска соопшти дека од почетокот на војната во Украина во таа земја влегле 14.182.000 Украинци, од кои околу 12,4 милиони ја напуштиле Полска, јавува Анадолу.
Во соопштението на социјалните мрежи се наведува дека во Полска има интензивна транзиција на луѓе од почетокот на украинско-руската војна.
„Само вчера од Украина во Полска влегоа 30.800 луѓе. Од почетокот на војната бројот на транзити од Украина во Полска достигна 14.182.000“, се вели во соопштението.
Се наведува и дека во тој период Полска ја напуштиле 12.399.000 Украинци.
Според податоците на полските власти, во таа земја моментно живеат околу два милиона Украинци.