Ограничувањата ублажени откако привремената администрација ја презеде власта во Непал
Најмалку 51 лице е убиено, а стотици се повредени од понеделникот во протестите предизвикани поради забраната за социјалните медиуми воведена од претходната влада

ИСТАНБУЛ (АА) - Непал денес започна со ублажување на ограничувањата откако привремената администрација, предводена од поранешната главна судијка Сушила Карки како премиерка, која го презеде кормилото на хималајската земја, јавува Анадолу.
Полицискиот час и наредбите за забрана се укинати во главниот град Катманду.
Полицискиот час беше воведен откако широките протести претходно оваа недела станаа насилни.
Најмалку 51 лице е убиено, а стотици се повредени од понеделникот во протестите предизвикани поради забраната за социјалните медиуми воведена од претходната влада.
Протестите еволуираа во пошироко движење против наводната корупција и непотизмот меѓу политичката елита, при што демонстрантите ги таргетираа домовите на функционерите, Врховниот суд и други јавни објекти.
Карки беше назначена за прва жена премиер на Непал од претседателот Рамчандра Паудел вчера, во неочекуван потег.
Парламентот со 275 места беше распуштен веднаш откако Паудел ја прими заклетвата на Карки, додека изборите се закажани за март.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.