свет

Новите санкции на Израел за Газа стапија на сила

Денес стапија на сила новите израелски санкции за блокираниот Појас Газа, вклучувајќи ги забраните за проток на стоки

Ali H. M.Abo Rezeg  | 10.07.2018 - Обновена : 10.07.2018
Новите санкции на Израел за Газа стапија на сила

Gaza

ГАЗА (АА) - Денес стапија на сила новите израелски санкции за блокираниот Појас Газа, вклучувајќи ги забраните за проток на стоки, јавува Anadolu Agency (AA).

Според репортерот на АА, влез на камионите со хуманитарна помош бил дозволен само денес на палестинската територија преку преминот Керем Шалом, јужно од Газа.

Вчера Израел воведе нови санкции за приморската енклава, вклучувајќи и забрана за проток на стоки и намалување на дозволениот морски простор во близина на брегот на Газа за палестинските рибари.

Според соопштението издадено од Израелската армија, граничниот премин Керем Шалом ќе биде затворен како одговор на нападите со запаливи балони од страна на палестинските активисти.

Во соопштението на Армијата не пишува колку долго преминот (кој служеше како единствен функционален комерцијален премин во Газа), ќе остане затворен.

Локалните власти од палестинската страна на преминот велат дека од страна на Израел им соопштиле дека преку терминалот ќе биде дозволено пренесување само на гориво, прехранбени производи, здравствени и медицински материјали, добиток и храна за добиток.

Палестинските економисти ги осудија израелските санкции, предупредувајќи дека овој потег ќе ја влоши веќе катастрофалната хуманитарна ситуација во Газа.

Во текот на изминатите недели, палестинските активисти во воздух пуштаа змејови и балони со запалив материјал, како дел од тековните демонстрации во близина на безбедносната ограда меѓу Газа и Израел.

Илјадници Палестинци од крајот на март на границата на Газа протестираат поради израелската окупација и бараат право на враќање на своето земјиште. Израелските сили убија најмалку 137, а ранија илјадници Палестинци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın