Riyaz Khaliq Khaliq
22 Јуни 2026•Ажурирано: 22 Јуни 2026
Министерот за надворешни работи на Нов Зеланд, Винстон Питерс, денес му рекол на својот израелски колега дека договорот потпишан од САД и Иран за ставање крај на војната „дава важна шанса“ за деескалација во Либан, јавува Анадолу.
Пактот, наречен Меморандум за разбирање од Исламабад, повикува на прекин на воените кампањи на сите фронтови на Блискиот Исток, вклучително и во Либан, каде што израелските сили убија над 3.800 луѓе откако САД и Израел ја започнаа војната на 28 февруари, погодувајќи многу градови во Иран.
Питерс, за време на телефонскиот разговор со Гидеон Саар, исто така ја изрази „сериозната загриженост“ на Нов Зеланд во врска со изјавите на израелскиот министер на Кабинетот од крајната десница, Бен-Гвир, за Либан, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Нов Зеланд.
Во својата објава на социјалните мрежи полна со пцовки, Бен-Гвир минатата недела рече: „За секоја солза на израелска мајка, мора да заплачат илјада либански мајки“.
Во врска со ситуацијата на окупираниот Западен Брег, Питерс рече дека Нов Зеланд „е длабоко загрижен“ од насилството на окупаторите и ширењето на населбите на палестинска територија, што „е некомпатибилно со нашиот долгогодишен став дека решението за две држави е единствениот одржлив пат напред“.
Во ескалацијата на израелските тензии на Западниот Брег, вклучително и во Источен Ерусалим, од октомври 2023 година убиени се 1.169 Палестинци, повредени се 12.666, додека приведени се 23.000 луѓе, според палестинските податоци.