Hacer Başer
28 Јануари 2017•Ажурирај: 29 Јануари 2017
ЕРУСАЛИМ (AA) - Израелскиот премиер Бењамин Нетанјаху одобри изградба на 68 нови станбени единици во израелската населба Офра, источно од градот Рамалах, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според пишувањето на весникот ‚‚Haaretz“, Нетањаху одобри изградба на нови домови во израелската населба Офра.
Потсетуваме, оваа недела Израел објави дека е одобрена изградба на 2.500 нови домови на Западен Брег.
Во соопштението од Канцеларијата на министерот за одбрана Авигдор Либерман, објавено во вторник, се наведува согласноста меѓу него и премиерот Бенјамин Нетанјаху за одобрувањето ‚‚како одговор на потребата за станбен простор“.
Се додава дека станбените единици ќе се градат во блоковски населби, и тоа во подрачја во кои живеат мнозинство доселеници и кои Израел сака да ги задржи под своја контрола во било кој иден мировен договор со Плаестинците.
Изборот на Доналд Трамп за нов претседател на Соединетите Американски Држави ги охрабри лидерите кои се залагаат за ширење на израелските населби, меѓу кои се Либерман и Нетанјаху. Трамп најави поголемо разбирање за изградба на израелските населби.
Повеќето меѓународни заедници ги гледаат овие населби како незаконски и се бариера за постигнување на мирот помеѓу Израел и Палестина.