Mustafa Deveci
12 Јули 2018•Ажурирај: 13 Јули 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху истакна дека Израел нема проблем со лидерот на сирискиот режим, Башар ал Асад, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според вестите објавени на израелските медиуми, Нетанјаху даде изјава за медиумите во врска со последните случувања во Сирија, пред тргнувањето од рускиот главен град Москва, каде што престојуваше во официјална посета.
Нетанјаху нагласи дека неговата земја не сака да интервенира во внатрешните работи на Сирија, и дека и во минатото немале некоја иницијатива во оваа насока. Тој рече дека се вознемирени од присуството на Иран, Хезболах и ДЕАШ во Сирија.
Потсетувајќи дека Израелската војска нападнала три воени цели на режимот, откако вчера едно беспилотно летало го прекрши воздушниот простор на Израел, Нетанјаху нагласи дека неговата земја ќе продолжи да ги заштитува своите граници.
Израелскиот премиер истакна дека немаат никаков проблем со Асадовиот режим, и дека околу 40 години од сириската страна не е испукан ниту еден куршум врз окупираната Голанска Висорамнина.
„Израел не е против присуството на Асадовиот режим во Сирија. Но, Израел ќе продолжи да ги заштитува своите граници од секој вид прекршување, без разлика кој го врши тоа, макар да е тоа и војската на режимот“, додаде тој.
Инаку, Нетанјаху, вчера во Москва оствари средба со претседателот на Русија, Владимир Путин.
Двајцата лидери во последните шест месеци остварија три средби, од кои на последната средба е ставен акцент на последните случувања во Сирија, како и на присуството на Иран во Сирија.
За време на средбата, Нетанјаху упати пораки до Путин дека Иран треба да ја напушти Сирија, и дека Израел ќе продолжи да ги заштитува своите граници од секој вид прекршување.