ЊУЈОРК (АА) - Неколку дека пред завршувањето на мандатот на претседателот на САД, Барак Обама, во САД е донесена одлука за протерување на 35 руски дипломати под обвинение дека извршиле кибер напади за време на претседателските избори. Со тоа, Вашингтон и Москва се наоѓаат во најнапнатиот период во американско-руските односи, јавува Anadolu Agency (AA).
Последниот развој на настаните по прашањето на „кибернетската безбедност“ и „кибернетските напади“ е причина за зголемување на напнатоста во периодот на претседателствувањето на Обама.
По обвинувањата дека Русија влијаела врз претседателските избори во САД, американската администрација ги објави санциите против Русија, и во тие рамки побарано е 35 руски дипломати од Вашингтон и од Сан Франциско да ја напуштат земјата во рок од 72 часа.
Одлуката за санкции кон Русија во моментов ѝ даде нови димензии на напнатоста во односите меѓу двете земји.
Постојаниот претставник на Русија во ОН, Виталиј Чуркин, во октомври изјави дека руско-американските односи наликуваат на оние од војната меѓу арапските земји и Израел во 1973 година, и додаде дека односите се дојдени до најлоша точка.
Постои голема љубопитност за американско-руските односи за време на претседателството на Доналд Трамп, кој на 20 јануари 2017 година ќе ја преземе функцијата од Обама. Трамп беше изјавил дека би сакал со рускиот претедател да создаде добри односи и да ја зголеми соработката.
- Американско-руските односи во перидот на Обама
Обама ја избегнуваше агресивната надворешна политика од времето на Џорџ В. Буш, и односите со Москва ги започна „од нула“. Поради активностите на Русија во Украина и Сирија, можеа да се забележат подеми и падови во односите меѓу двете земји.
Кога Обама дојде на функција во 2009 година, посака со Русија да отвори една нова страница и по започнувањето на функцијата, во јули 2009 година ја посети Москва. „САД сака моќна, просперитетна и мирољубива Русија. Оваа желба произлегува од нашата почит кон рускиот народ и нашата заедничка историја”, рече тогаш американскиот претседател Обама, упатувајќи умерени пораки.
Идејата за отворање нова страница во односите меѓу двете земји беше конкретизирана од страна на тогашната министерка за надворешни работи на САД, Хилари Клинтон и рускиот министер Сергеј Лавров, што во Женева на симболичен начин беше потврдено со заедничко притискање на едно црвено копче.
- Периодот на усогласување траеше кусо
Релативно стабилните билатерални односи меѓу администрацијата на Обама и Русија во периодот 2009-2010, започнаа да се влошуваат по арапската пролет и востанијата што се случуваа на Средниот Исток.
Русија која остана нема на учеството на западните земји во соборувањето од власт на претседателот на Либија, Муамер Гадафи, во судирите во Сирија застана покрај режимот на Башар ал Асад и му даде поддршка на секое поле.
Откривањето дека режимот на Асад во август 2013 година, во близина на Дамаск употребил хемиско оружје, и за администрацијата на Обама и за режимот на Асад стана пресвртна точка во граѓанската војна во Сирија.
- Кибернетска безбедност
„Кибернетска безбедност“ или „кибернетска војна“ беше еден од факторите што ги дефинираа американско-руските односи во периодот кога Обама беше претседател на САД.
САД неколкупати ги обвини руските хакери за кибернетските напади извршени врз голем број американски федерални институции. Колку и да беше негирано тоа од страна на администрацијата на Путин, американската јавност беше загрижена дека руските хакери би можеле да влијаат врз претседателските избори во САД.
Пред изборите, хакери влегле во компјутерот на националниот комитет на Демократската партија во САД и од базата украле 20.000 електронски пораки. По овој настан, кој беше причина за оставки во партијата, истрага поведоа разузнавачките служби на САД. За хакерскиот упад беше обвинета руската разузнавачка служба.
На еден од телевизиските дуели меѓу претседателските кандидати Хилари Клинтон и Доналд Трамп, Хилари пред јавноста изјави дека Русија нашла начин како да влијае на изборите во САД и го бранеше ставот дека Путин го избрал Трамп наместо неа.
news_share_descriptionsubscription_contact
