Mehmet Burak Karacaoğlu,Mohamad Misto
17 Февруари 2020•Ажурирај: 18 Февруари 2020
ИДЛИБ (АА) - БУРАК КАРАЏАОГЛУ/ЕШРЕФ МУСА -
Терористичката организација ЈПГ/ПКК им дава поддршка на силите на режимот на Асад во нападите во северозападните рурални делови на Алепо, кои се во рамките на зоната за деескалација на судирите во Идлиб, пишува Агенција Анадолија (АА).
Терористичката организација поддржана од воздух од Русија, им дава поддршка на режимот на Асад и на терористичките групи поддржани од Иран во нивните иницијативи да напредуваат во околината на планината Шејх Акил, напаѓајќи ја опозицијата од подрачјата кои ги има окупирано.
Според информациите добиени од извори на опозицијата, откако ЈПГ/ПКК е отстранета од подрачјето на Африн во рамките на операцијата „Маслинова гранка“ од териториите што ги има окупирано северно од Алепо, изведува истовремени напади заедно со силите на режимот врз позициите на опозицијата во Шејк Акил, на кои се наоѓа и набљудувачката точка број 3 на Турските вооружени сили (ТСК).
Опозицијата, одговарајќи на нападите со тешко вооружување успеала да ја растера терористичката организација. Напад врз позициите на терористичката организација со топовско гранатирање извршија и Турските вооружени сили.
Терористичката организација ЈПГ/ПКК, која во рамките на операцијата „Маслинова гранка“ е отстранета од подрачјето на Африн, продолжува со окупацијата на териториите на Тел Рифат и неговата околина северно од сирискиот град Алепо.
Северозападната сириска покраина Идлиб од самиот почеток на граѓанската војна е упориште на опозицијата. Во моментов, популацијата на Идлиб со внатрешната миграција достигна 4 милиони луѓе. Од март 2015 се наоѓа под контрола на опозицијата. Идлиб е место кое е најмногу напаѓано од страна на режимот.
На состанокот во Астана што се одржа на 4-5 мај 2017 година, на којшто учествуваа Турција, Русија и Иран, формирани се четири деескалациски зони, Идлиб и околните области (Латакија, Хама и Алепо), северното подрачје на Хомс, подрачјето на Источна Гута во главниот град Дамаск и подрачјата во јужниот дел на земјата (Дера и Кунејтра). Но режимот и терористите поддржани од Иран, и покрај одлуката за прекин на огнот, благодарение на руската поддршка од воздух, од четирите зони, освен Идлиб, ги зазедоа сите територии.
Во септември 2018 година, кога силите на режимот ги интензивираа воените активности, Турција и Русија на 17 септември 2018 година во Сочи постигнаа дополнителен договор, со цел зацврстување на примирјето. Кус период владееше примирје, а силите на режимот во мај 2019 година започнаа копнена операција со цел потполно заземање на целиот регион.
Министерот за одбрана на Турција, Хулуси Акар, на 10 мај 2019 година изјави дека поради зголемените напади од страна на режимските елементи јужно од Идлиб, вооружените притисоци започнати на 6 мај преминале во копнена операција.
Од тој период наваму, силите на режимот и неговите поддржувачи со помош на артилериски и воздушни напади ги зазедоа големите градови Кефренбуде, Хан Шејхун, Мараатинуман, Серакиб и голем број населени места во јужните и југоисточните предели на Идлиб, северните и источните рурални предели на Хама и јужните и западните рурални предели на Алепо.
Од потпишувањето на Договорот меѓу Русија и Турција во Сочи досега, во нападите на режимот и Русија во деескалациската зона во Идлиб животот го загубија над 1.800 цивили. Од јануари 2019 година, бројот на мигранти што избегаа од местата на кои се спроведуваат интензивни напади кон релативно побезбедни места во близина на границата со Турција се зголеми на 1 милион 794 илјади.