Kemal Zorlak
27 Јануари 2016•Ажурирај: 28 Јануари 2016
SARAJEVO (AA) - Među historijskim događajima koji su se dogodili na današnji dan, izdvajamo:
1756. - Роден е австрискиот композитор Волфганг Амадеус Моцарт, еден од најгенијалните музички творци во историјата. Беше "чудо од дете": во шестата година ја напиша првата композиција, во осмата соната, а во 12-та операта, насловена "Едноставна превара". Напишал околу 600 дела.
1832. - Роден е англискиот писател и математичар Луис Карол. Неговата проза ја одликуваат хуморот како и фантастиката, по што беше близок на надреализмот.Неговото напознато дело е "Алиса во земјата на чудата."
1901. - Почина италијанскиот музички композитор Џузепе Верди, еден од најистакнатите оперски создавачи во 19 век. Првите опери ги создаваше во духот на идеите на националното движење додека делата кои ги создаваше подоцна беа врв на италијанскиот романтизам. Делата: оперите "Набуко", "Травијата", "Трубадур" , "Риголето" , "Бал под маските" , "Моќта на судбината", "Дон Карлос" , "Аида", "Отело", "Фалстаф" .
1910. - Роден е Едвард Карадељ, долгогодишен функционер на СФРЈ и еден од најблиските соработници на Тито, теоретичар на самоуправувањето. Важеше за интелектуален арбитар во рамките на КПЈ.
1942. - Се случи "Игмански марш", една од најпознатите и најславните епизоди во периодот од НОБ и единствена операција од тој вид во светот. Главнината на Првата пролетерска бригада, за време на втората непријателска бригада, пешачеше 100 километри од Јахорина до Фоча, преку Сараевското поле и Игман.
1996. - Во Нигерија со воен удар беше соборен првиот демократски избран претседател Махаман Усман.
2003. - Собранието на Србија ја усвои Уставната повелба со која федералната држава, Сојузна Република Југославија, беше преобразена во Државна заедница Србија и Црна Гора.