Betül Yürük
02 Јули 2019•Ажурирај: 03 Јули 2019
ЊУЈОРК
Постојаниот претставник на Обединетите нации за Мјанмар, Хау До Суан, ја информираше меѓународната заедница за процесот на враќање во домовите на бегалците од Аракан кои беа принудени да се засолнат во Бангладеш, пренесува Anadolu Agency (AA).
Хау, истакнувајќи дека се подготвени да ги вратат раселените бегалци од Аракан, рече дека досега 30.464 лица побарале враќање и дека 13.235 од нив се идентификувани дека се од Аракан. Тие ќе можат да се вратат кога ќе посакаат.
„Мјанмар ќе испрати делегација од високо ниво во Кокс Базар за на раселените лица им објасни што е направено за да можат да се вратат“, рече Хау.
„Ако не се преземе дејство, ќе ѕвонат опасни ѕвона“
Специјалната претставничка на ОН во Мјанмар, Кристин Шранер Бургенер, нагласувајќи дека решавањето на кризата во Аракан и процесот на враќање во домовите на бегалците се реализира многу бавно, предупреди дека ако не се преземе нешто што е можно поскоро, „ќе ѕвонат опасни ѕвона“.
Осврнувајќи се на тешкотиите на терен, Бургенер укажа на фактот дека Армијата на Мјанмар и понатаму е влијателна во политиката и дека големите превирања во земјата го отежнуваат решавањето на кризата во Аракан.
Таа истакна дека повеќе од 30.000 аракански муслимани се раселени за време на судирите меѓу Армијата на Мјанмар и Араканската ослободителна војска составена од будистите.
Бургенер, исто така наведе дека судирите влијаат на напорите за обезбедување чесно и безбедно враќање на араканските бегалци во нивните домови.
- Етничко чистење на араканските муслимани
Во 2012 година во мјанмарската држава Аракан настанаа судири меѓу будистите и муслиманите, во кои илјадници луѓе, од кои повеќето муслимани, беа масакрирани и беа запалени стотици куќи и деловни простории.
Мјанмарската војска и будистите националисти започнаа со масовни насилства, а како образложение за тоа ги наведоа истовремените напади извршени на 25 август 2017 година врз граничните полициски станици во Аракан.
Податоците на Обединетите нации покажуваат дека од 25 август 2017 година, од притисоците и суровоста во Аракан, во Бангладеш побегнале над 745 илјади лица. Сателитските снимки на меѓународните организации за заштита на човековите права докажаа дека се уништени неколку стотици села.
Бангладеш се откажа од спроведување на договорот што го постигна со Мјанмар, за враќање на араканските бегалци што се наоѓаат во Бангладеш, во нивните земји.
Мјанмарската Влада на сериозен начин им го ограничува влезот на меѓународните медиуми и хуманитарните организации во Аракан. Мјанмарската Влада не ги исполни ветувањата кои се однесуваат на враќањето на араканските муслимани во Мјанмар.
Обединетите нации и меѓународните организации за заштита на човековите права, насилството врз муслиманите од Аракан го окарактеризираа како етничко чистење или геноцид.
Организациите за човекови права се загрижени дека враќањето на араканските муслимани во Мјанмар, без притоа да се обезбеди безбедна средина, ќе доведе до ново етничко чистење.