Ekipa
09 Февруари 2017•Ажурирај: 10 Февруари 2017
ЛОНДОН (АА) - Тед Малох, кандидат за позицијата американски амбасадор во Европската Унија (ЕУ), изјави дека тој блок е антиамерикански и дека наместо со Унијата, САД ќе се обиде да изгради билатерални односи со земјите поединечно, пренесува Anadolu Agency (AA).
Малох во интервју за „Асошиејтед прес“ изјави дека САД се критички и сомничави во однос на проектот ЕУ.
„Ние во Трамповата администрација би преферирале да работиме со земјите билатерално“, изјави Малох.
Претседателот Доналд Трамп сѐ уште не назначил амбасадор на својата земја во ЕУ, но Малох, поранешен дипломат од ОН, изјави дека бил интервјуиран за таа позиција.
Европските парламентарци се огласија во врска со неговите изјави, пишувајќи заедничко писмо во кое неговите ставови ги нарекоа сурови и злонамерни.
Малох ја обвинува ЕУ поради очигледниот антиамериканизам и посочува дека има многу прашања каде што американската надворешна политика се разликува од политиката на европскиот блок.