Ahmed Asmar
23 Јануари 2024•Ажурирај: 24 Јануари 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Израелската Aрмија стави под опсада две медицински установи во Хан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, предупредија денес палестинските здравствени власти, јавува Анадолу.
„Израелската окупација ги става медицинскиот комплекс Насер и болницата Ал-Амал во Хан Јунис во екстремна опасност“, рече портпаролот на Министерството за здравство Ашраф ал-Кудра во соопштението.
Тој повика да се заштитат невините луѓе, пациентите и медицинскиот персонал во двата објекти и да се олесни испраќањето брза помош до нив.
Палестинската Црвена полумесечина утринава соопшти дека нејзиното седиште во близина на болницата Ал Амал било под израелски оган, што резултирало со повредени меѓу раселените луѓе.
Израел започна смртоносна офанзива на Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври, при што загинаа најмалку 25.490 Палестинци, а беа повредени 63.354. Се верува дека во нападот на Хамас биле убиени речиси 1.200 Израелци.
Поради израелските напади 85 отсто од населението на Газа е внатрешно раселено поради акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени, според ОН.