Erbil Başay
09 Ноември 2020•Ажурирај: 09 Ноември 2020
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка, Ангела Меркел, смета дека Соединетите Американски Држави (САД) и Германија би требало да стојат заедно за да ги надминат големите предизвици на ова време, јавува Агенција Анадолија (АА).
Меркел им честиташе на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, и на избраната потпретседателка Камала Харис, за влезот во Белата куќа.
Меркел изјави дека Бајден е познато име во внатрешната и надворешната политика и дека добро ги познава Европа и Германија.
Германската канцеларка изјави дека во минатото имала добри состаноци и разговори со Бајден.
Меркел рече дека САД и Германија се сојузници во НАТО и дека споделуваат заеднички вредности.
„За да ги надминат големите предизвици на нашето време, САД и Германија би требало да се држат заедно“, изјави Меркел.
Во тој контекст, Меркел, потсетувајќи на епидемијата на новиот тип коронавирус, борбата против глобалното затоплување и тероризмот и напорите за слободна трговија, изјави дека е познато оти Германија и Европа во 21 век требало да преземат поголема одговорност во ова партнерство.
„Америка е наш најважен сојузник и така и ќе остане. Но со право од нас бара да сториме повеќе за својата безбедност“, изјави Меркел.