Ekipa
25 Септември 2019•Ажурирај: 26 Септември 2019
ГАЗА (АА) - Исмаил Хеније, претседател на политичкото биро на Хамас, му се заблагодари на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, за неговиот историски и храбар говор за Палестина пред светските лидери на Генералното собрание на Обединетите нации вчера, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во отвореното писмо до претседателот Ердоган, Ханије го изрази задоволството од говорот на Ердоган пред светските лидери на Генералното собрание на ОН со тоа што ја покажа „картата што ги отсликува палестинските територии од 1947 година до денес“.
Во писмото Ханије нагласува:
„Вашиот говор на Генералното собрание на ОН пред светските лидери, во кој ја искажавте својата солидарност со окупираните територии на Палестина и палестинскиот народ, Вашите зборови за одбрана на окупираниот Ерусалим и „Ал Акса“ и историската мапа на Палестина, на нашиот народ во Палестина и на Палестинците кои живеат во дијаспората го следевме со големо внимание и благодарност. Првпат бевме сведоци на ваков говор на вакво собрание.“
Ханије, посочувајќи дека Ердоган во својот говор ја пренел совеста на целиот муслимански свет, рече дека претседателот на Турција говорел во име на сите угнетени муслимани во целиот свет, на чело со Палестина.
Тој, исто така, се заблагодари на братскиот турски народ, на Владата на Турција и на претседателот за солидарноста со палестинскиот народ и за улогата во одбраната на Палестина.