Emre Aytekin
31 Мај 2017•Ажурирај: 01 Јуни 2017
САН ФРАНЦИСКО (АА) - Групата комјутерски хакери за кои се смета дека стојат зад вирусот „WannaCry“, соопштија дека ќе го продаваат едниот пакет со шпиунски софтер за кој се тврди дека е украден од американската Агенција за национална безбедност (НСА), јавува Anadolu Agency (AA)
Групата комјутерски хакери наречена „Shadow Brokers“, во нивната кодирана порака објавена на интернет информираа дека ќе го продадат едниот пакет со шпиунски софтвер, кој се состои од електронски алатки за следење, на која било личност или институција што е подготвена да плати 22.000 долари.
Во оваа порака којашто дава впечаток дека намерно е напишана со лош англиски јазик, се наведува дека трансферот на парите ќе биде извршен преку виртуелната парична единица наречена „Zcash“ со цел да се спречи следењето на трансакцијата.
Од ова група не даваат информации за тоа што содржи овој пакет, но велат дека овие софтвери сигурно некому ќе му бидат од корист.
„Заврши периодот на 'јас ќе ти покажам што имам јас, а ти покажи ми што имаш ти'. Ова е прашањето што секој треба да си го постави на себеси: Дали мојата институција може да си дозволи да нема навремен пристап до софтверите што ги откри Shadow Brokers?“ напиша оваа група во својата порака.
Експертите за кибер-безбедност сметаат дека Shadow Brokers стојат зад нападот со софтвер за откуп наречен „WannaCry“, од кого беа погодени 300.000 компјутери во светот на почетокот од овој месец.
Кoмпјутерските хакери со помош на овој вурис ги заклучуваат датотеките во компјутерот на жртвата и бараат откуп за отклучување на овие датотеки, а се смета дека ова го прават со компјутерска програма што ја украле од НСА.